Во Дојран наврна најмногу дожд

Најмногу дожд во изминатите 24 часа се наврнати во Дојран. УХМР регистрира 88 литри на метар квадратен. Во Штип се наврнати 31 литар, Струмица и Берово 30, Крушево 28, Крива Паланка 25, Прилеп, Тополчани и Виница 23, Скопје - Петровец 19, Ѓуриште и Охрид 15, Демир Капија и Куманово 14, Битола и Скопје 12, Лазарополе 11, Маврово 10, Дебар девет, Гевгелија осум, Пожаране шест, Тетово пет и Претор четири.
Во раните утрински часови во поголем дел од земјава со врнежи од дожд кои според последните податоци речиси насекаде престанаа, освен во северните делови каде се со слаб до умерен интензитет. На места дува слаб до умерен северозападен ветер.
Утрово најниска температура од 0 степени е измерена во Маврово, 1 во Крушево и Ѓуриште, 2 во Лазарополе, 3 во Крива Паланка, 4 во Пожаране, Куманово и Тополчани, 5 во Виница, Претор, Берово, Штип, Скопје и Прилеп, 6 во Дебар, Битола, Скопје Петровец, Тетово и Охрид, 7 во Демир Капија и Струмица, 8 во Дојран и 10 во Гевгелија.
Облачно, во раните утрински часови во поголем дел од земјава со врнежи од дожд кои според последните податоци речиси насекаде престанаа, освен во северните делови каде се со слаб до умерен интензитет. На места дува слаб до умерен северозападен ветер.
Времето денеска ќе биде претежно облачно и студено, со повремени врнежи од дожд, особено во северните делови. На планините врнежите ќе бидат од дожд и снег, а на повисоките ќе се формира снежна покривка, особено во северозападните делови. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде облачно, студено и ветровито со врнежи од дожд со умерен, а попладне со слаб интензитет. Дневната температура ќе достигне до 10 степени.
И утре ќе дува умерен до засилен северен ветер и во текот на денот ќе има постепено намалување на облачноста. Дневната температура до петок ќе биде во пораст.
Ново на Сител
-

Каде е најевтино да го наполните резервоарот на Балканот?
-

Тема на денот со Драган Кочински, епидемиолог и раководител на Одделот за епидемиологија на заразни заболувања во ИЈЗ
-

Расте бројот на заразени со западно-нилска треска
-

Нова бактерија во водоводната мрежа во Гостивар, најави за питка вода се уште нема
-

ДКСК го оспорува предлог-законот за „Скопје – Европска престолнина на културата“
-

Цената на суровата нафта расте – Мицкоски очекува горивата да паднат во понеделник
-

Тензично во Собрание меѓу ДУИ и спикерот Гаши
-

Стоилковиќ: Општините се соочуваат со недостиг од кадар, стартува проект за студентска пракса
