Во ДИК за гласање на изборите пријавени 540 македонски граѓани од странство

Заклучно до 14 часот денеска вкупно 1.011 граѓани на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство преку електронската апликација на веб страницата на Државната изборна комисија (ДИК) се пријавиле за гласање за претстојните предвремени избори.
Од пријавите, 515 се прифатени, 32 се одбиени, додека 464 се во фаза на обработка.
Од Државната изборна комисија соопштуваат дека пријавувањето за гласање за Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство односно конзуларните канцеларии ќе трае до 11 ноември 2016 година.
Комисијата ги повикува сите граѓани на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство да се пријават за гласање за претстојните избори и информира дека пријавувањето може да се врши преку електронската апликација ставена на веб страницата на Државната изборна комисија https://dijaspora.
Ново на Сител
-

Нов случај на врсничко насилство, прободено 12 годишно момче
-

Пожарите изгаснати, штетите огромни
-

Расправа за ребалансот
-

Над 5.000 граѓани се пријавиле за мерката самовработување, во Прилеп досега пријавени 316
-

Трамп со пораки од Маунт Рашмор
-

Инспекцијата утврдила повисоки маржи во дел од маркетите, Мицкоски вели дека тоа нема да го толерира
-

Златни денови на Кратово
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
