Македонија
19. November 2020 - 16:03

Во делчевско пронајден човечки труп

На 18.11.2020 околу 09.30 часот кај место викано „Чачарата“, атар на с.Очипала, делчевско, од страна на полициски службеници од Полициската станица Делчево бил пронајден човечки труп. Известен е Јавен обвинител, по чија насока трупот е предаден во Институтот за судска медицина во Скопје. Се работи на расчистување на случајот.