Во Делчево усвоена стратегијата за надворешна комуникација на општината
Делчевските советници на првата седница во 2020 година ја усвоија стратегијата за надворешна комуникација за период 2020-2024 година.
Во своето излагање пред советниците, претставникот на општината Делчево, Даниела Такева, истакна дека со оваа стратегија Општина Делчево ќе биде прва општина од крајниот исток, која стратешки ќе работи на полето на надворешната комуникација.
-Документот ги содржи сите елементи по кои институцијата треба да се движи во поглед на одржување комуникација кон надвор, заедно со краток дел за кризна комуникација кој е од суштинско значење кога се имплементираат односите со јавноста, истакна Такева.
Оваа стратегија како што додаде го дефинира системот на пренесување јасна порака до целните јавности.
-Целта е да се обединат сите комуникациски ресурси и комуникациски капацитети на Општина Делчево, со што ќе се воспостави контрола врз начините на комуникација, ќе се мерат резултатите од самата комуникација и ќе се обезбеди планско и ефективно надминување на клучните слабости и недостатоци во делот на односите со јавноста, додаде Такева.
Во рамки на првата седница во 2020 година, советниците ја усвоија и годишната програма за промоција и комуникација со јавноста за 2020 година во која е имплементиран и дел од акцискиот план кој е составен дел од Стратегијата за надворешна комуникација.
Ново на Сител
-
Приведен 58-годишен маж од Кавадарци, возел со 2,13 промили алкохол во крвта
-
Елмас: Може да жалиме што не ја победивме Белгија
-
Синер убедливо го победи Ѓоковиќ и се пласираше во финалето на Ролан Гарос
-
Приведен криминалец од Штип за доиздржување затворска казна од 11 години и осум месеци
-
Тркалезна маса „Безбедно балканско туристичко лето 2025“
-
Во Турција 14.372 лица биле повредени при жртвување животни во првиот ден од Курбан Бајрам
-
Норвешки доктор осуден за силување десетици пациентки
-
Милевски: Македонија покажа дека има квалитет да се носи со најдобрите репрезентации