-->
-->
Во Делчево се уредуваат тротоарски површини на улицата „Питу Гули“
-->
Интензивно се работи на изградба на тротоарите на ул „Питу Гули“ во Делчево. Тротоарите се градат од двете страни на улицата во должина од 370 метри и поплочени со бекатон плочки.
Средствата за реализација на овој проект, како што информираше градоначалникот на општината Горан Трајковски, се доделени од ЕУ во форма на ИПА-грант средства.
- Целта на програмата која ја имплементира Министерството за финансии, администрирана од страна на Светска банка е подобрување на инфраструктурата во руралните области, односно подобрување на квалитетот на живот и мобилноста во Општина Делчево. Вкупниот износ на проектот изнесува 291.018 евра, 195.000 евра е грантот на ЕУ, кофинансирањето од националниот буџет е во износ од 65.000 евра и од општинскиот буџет во износ од 31.018 евра, информира Трајковски.
Додаде дека претходно беше завршена изградбата на тротоарот на ул. „Светозар Марковиќ“ во должина од 510 метри.
Со дореализација на проектот „Општински рурални инвестиции“ се реконструирани три фреквентни улици во градот „Светозар Марковиќ“, „Питу Гули“ и улицата „Маршал Тито“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден