-->
-->
Во Делчево обезбедени 100 парцели за „Купи куќа за млади“
-->

Општина Делчево за потребите на проектот „Купи куќа за млади“ обезбеди 100 парцели во близина до старата касарна во Делчево, локација која инфраструктурно е добро поврзана и во непосредна близина на центарот во Делчево, истакна градоначалникот Дарко Шехтански на промоцијата на проектот „Купи куќа за млади“.
Општината, како што кажа, е подготвена успешно да го реализира овој проект.
- Располагаме со површина од 4,5 хектари која според нашите пресметки ќе ги задоволи проектите за 100 парцели наменети за изградба на куќи. Во Општината има голем интерес за овој проект и се надеваме дека на лицитацијата ќе се јават сите заинтересирани, бидејќи условите младите брачни парови да дојдат до свој дом се навистина поволни, рече Шехтански.
На презентацијата пред преполната сала на заинтересирани граѓани, проектот го презентираа претставници од Министерството за финансии, како и претставници од Одделението за урбанизам од Општина Делчево.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нов клинички кај ГОБ “8 Септември”, а Медицинскиот факултет останува на сегашната локација
-

Владата најави мерки за граѓаните од следниот месец, ако цените продолжат да растат
-

Законот за заштита од пушење на цигари веќе е во собраниска процедура
-

Преглед на вестите од светот
-

Премиерот Мицкоски најави почеток на градба на нов клинички центар на почетокот на идната година
-

Поставен камен-темелник за доградба на ООУ „Димитар Беровски“
-

Психолошки лузни кај децата по разводот на родителите
-

Градот Струмица како инспирација на младите ликовни уметници
