Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за вториот круг од претседателските, како и парламентарните избори.
Бројката на лица кои можат да го остварат своето право на глас во домашни услови, како што соопштија од ОИК Делчево, е поголем за 61 лице за разлика од првиот круг на претседателските избори.
Во соседната општина Македонска Каменица, како што информираа од Општинската изборна комисија во домашни услови гласаат 47 болни и изнемоштени лица.
Вкупен број на избирачи за утрешните избори во Делчево е 14.569, додека пак, во Македонска Каменица таа бројка изнесува 6.651 лица со право на глас.
Од двете општински изборни комисии информираа дека сите избирачки места во текот на утрешниот ден, ќе бидат отворени од 07:00 часот, а гласањето за парламентарните и претседателските избори ќе се одвива до 19:00 часот.
Ново на Сител
-
Повозрасните кочанчани погодени од трагедијата утеха бараат во алкохолот, неместо кај психолог
-
Избор на нов министер за здравство во Собранието
-
Две нови мерки за вработување
-
Лицата со телесен инвалидитет со порака да бидат видени
-
Преглед на вестите од светот
-
Mицкоски: Протестите во Кочани преминаа во политичко движење
-
Мицкоски: Извештајот ќе биде усвоен
-
Тема на денот со Ана Марјановиќ, онколошки пациент, дел од Хема-Онко