Во Дебар починаа уште две пациентки поради компликации од Ковид-19

Од денеска во Ковид – центар трансферирано е и хируршкото одделение при Општата болница со проширена дејност во Дебар, каде моментно се хоспитализирани десет пациенти.
-Континуираниот раст на заразени со Ковид-19 и потребата за нивно болничко лекување целосно го пополни капацитетот на Ковид-центарот, кој од ноември минатата година, функционира во просториите на интерното одделение. Тука имаме 20 пациенти и болничките легла се пополнети, поради што од денеска Ковид пациенти хоспитализираме и во хируршкото одделение, потврди за МИА, Бали Алили директорот на болницата.
Додаде дека од моментно 30 хоспитализирани ковид пациенти дури 28 се на кислородна поддршка и нагласи дека повеќето од нив не се вакцинирани.
-За жал и покрај сите напори на здравствениот персонал починаа две повозрасни пациентки, жителки на Дебар. Во последните три дена имаме пет починати. Поради потешка клиничка слика во здравствени установи во Скопје се три лица од нашето подрачје, амбулантски, тука во нашата болница, се лекуваат 25, кои откако ќе ја примат соодветната терапија, малку одмараат и одат во нивните домови, посочи Алили.
На подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа само во последните пет дена опасниот вирус е дијагностициран кај 75 лица од кои 50 во последните два дена, но бројот е многу поголем затоа што за лекарска услуга се јавуваат само оние кои имаат поголеми потешкотии. Моментно, според официјалната статистика на ресорното министерство, активни на болеста се 160 лица.
Доктор Алили го повтори апелот за поголемо внимание и совесност во строгото почитување на мерките за заштита.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Методи Хаџи-Јанев, воен аналитичар
-

Утре се избираат градоначалници во Гостивар, Маврово-Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа
-

Избега од Македонија 18 годишниот возач кој без возачка, вчера усмрти жена во Капиштец
-

Извештај на ЦУК за поплави и свлечишта во најкритичните места
-

Ризикот од поројните дождови поголем во урбаните средини
-

Штети од поплавите во кочанско
-

Од март стапува на сила поригорозен закон за заштита од пушењето - се забрануваат и електронските цигари
-

Цените на становите уриваат рекорди, ќе има ли стабилизација?
