Во Дебар отворен 25-от Фолклорен фестивал „Дебарска соба“
![]()
Во Дебар синоќа беше одржана првата вечер од 25-то издание на Фолклорниот фестивал „Дебарска соба“ („Ода дибране“), кој традиционално се одржува во албанскиот пограничен град Пешкопеја.
Фестивалот за отворен го прогласија градоначалниците на Дебар и на Пешкопеја, Хекуран Дука и Дионис Иметај.
– Чест ми е што оваа значајна манифестација која им припаѓа на сите Албанци и годинава почнува токму во нашиот град – Голем Дебар, кој е познат како место на уметноста и гордоста. Оваа манифестација придонесува во заштитата на албанското фолклорно богатство, изјави меѓу другото дебарскиот градоначалник Дука.
За неговиот колега од Пешкошеја, Иметај, овој фолклорен фестивал е многу значен во негувањето на фолклорните традиции и презентација на богатата народна носија.
Први пред публиката настапија домаќините, браќата Ибрахим и Елмаз Љаља, кои со придружба на народниот инструмент ѓителија исполнија стари дебарски песни.
Со песни и ора се претставија албански фолклорни ансамбли од Тетово, како и од албанските градови Тирана, Лура и Корча.
Фестивалот „Дебарска соба“ првпат е одржан во 1994 година во пограничниот албански град Пешкошпеја, кој од Дебар е оддалечен 23 километри, а од 2014 година првата фестивалска вечер се одржува во Дебар.
Во следните два дена фестивалот продолжува во Пешкопеја, со настап на фолклорни групи и ансамбли на Албанците од Албанија, Македонија, Косово и Црна Гора, а ќе заврши со доделување на наградите за најуспешните.
Фестивалот е најголема манифестација на албанскиот фолклор, по онаа што се одржува во јужниот албански град Ѓирокастро.
Ново на Сител
-

Приведена жена од ресенско, управувала возило со брзина од 142км/ч на место каде дозволената брзина е 50км/ч
-

Обвинителите бараат Уставниот суд итно да го разгледа намалувањето на коефициентите за пресметка на платите во ЈО
-

Секое дете во Германија ќе добива по десет евра месечно за пензиска заштеда
-

Данас: Српски филмски здруженија ќе поднесат кривична пријава против министерот за култура Никола Селаковиќ
-

ЈП „Комунална хигиена“: Ставени во употреба новите специјални комунални возила
-

Златар од Тетово шверцувал накит вреден четири милиони денари во перница за врат на Богородица | ВИДЕО
-

Клековски го посети болнички комплекс „Мајчин дом“ - најголемата клиника по неонатологија во Бугарија
-

Средба на министерот Клековски со повредени од пожарот во „Пулс“
