Во Дебар нема новозаразени, мерките и препораките строго се почитуваат
Во последното деноноќие во Дебар не се регистрирани ново заразените со „Ковид-19“,информираше општинскиот Оперативен штаб.
-Според лабораториски резултати за денеска, Дебар нема нови случаи заразени со Ковид-19. Почитувајте ги препораките сеуште не е крај, пишува на објавата на профилот на штабот на Фејсбук.
Ова е втор ден по ред како нема новозаразени, по двата случаи кои беа потврдени во четвртокот,откако немаше новозаразени 12 дена.
Вкупната бројка на заразени е 51 лице од нив две лица од Општина Центар Жупа. Над 60 отсто од нив се оздравени, додека четири лица починаа,од кои три лица од Дебар и едно од Центар Жупа.
Безбедносната состојба на подрачјето на двете општини е стабилна.
-Во периодот од 07:00 часот на 17.04. до 07:00 часот на 18.04.2020 година, на подрачјето кое го покрива
Одделението за внатрешни работи од Дебар,нема прекршувања на забраната за движење.Исто така не се регистрирани кражби, нарушувања на јавниот ред и мир,ниту сообраќајни незгоди, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.
Информираше дека на ова подрачје извршени се 102 контроли на лица кои се под мерките здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14-дневна самоизолација.
Врз основа на одлука на општинскиот Оперативен штаб волонтерите на дебарскиот Црвен крст продолжуваат да даваат помош-услуга за најранливите групи, стари и изнемоштени лица, лица со попреченост, хронично болни. Од вчера попладне до денеска до 14 часот извршиле услуга на десет
семејства.
Ново на Сител
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување