Во Дебар и во последното деноноќие нема новозаразени со Ковид-19
![]()
Официјалните податоци на Министертвото за здравство, на кои се повикува општинскиот Оперативен штаб потврдуваат дека и во последното деноноќие во Дебар нема новозаразени лица со „Ковид-19“.
Ова е петти ден по ред како нема новоинфицирани, по двата случаи кои беа потврдени во четвртокот, откако немаше новозаразени 12 дена.
Сепак од Штабот апелираат до граѓаните и понатаму строго да се почитуваат мерките и препораките на
надлежните бидејќи, како што додаваат „војната со невидливиот непријател продолжува“.
Инаку, вкупната бројка на заразени е 51 лице од нив две од Општина Центар Жупа. Над 70 отсто од нив се оздравени, додека четири лица починаа, од кои три лица од Дебар и едно од Центар Жупа.
Врз основа на зацртаните мерки и активности на Оперативниот штаб вработените во Јавното комунално
претпријатие „Стандард“ и Територијалната противпожарна единица успешно ја завршија втората дезинфекција на јавните површини, спортски и детски игралишта, селските населени места,како и стамбени и верски објекти.
Волонтерите на дебарскиот Црвен крст, пак, продолжуваат да даваат помош-услуга за најранливите групи граѓани, стари и изнемоштени лица, лица со попреченост, хронично болни. Од петокот попладне до денес до 14 часот тие извршиле 15 услуги.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Билјана Муратовска, генерален секретар на Макам-Транс
-

Камионџиите утре ќе ги блокираат граничните премини поради новите правила за влез во ЕУ
-

Или промени или распад - Членството на СДСМ со порака до раководството
-

Тошковски: Паралелно со „Сејф Сити“, ќе има и полициски возила со мобилни камери на „црните точки“ на патиштата
-

АХВ: Спроведени 125 илјади контроли, изречени казни од над половина милион евра
-

Ориз на годинашната реколта стои по амбарите
-

Охрид презема мерки за заштита од загадениот воздух
-

Во месецов што изминува преполни сместувачки капацитети во Крушево
