Во Дебар градоначалник ќе се избира на 14 ноември
И по денешното повторено гласање во едно гласачко место, граѓаните на Дебар не го избраа новиот градоначалник.
Како што потврдија од изборните штабови на ДУИ и на Алијанса за Албанците-Алтернатива, во Дебар ќе има втор круг на гласање на 14 ноември, бидејќи и по повтореното гласање ниту еден од кандидатите не обезбедиле потребниот процент од вкупниот број од излезените граѓани на гласање.
Според нив на денешното гласање на гласачко место 0543 од вкупно 777 гласачи колку што се запишани во единствениот избирачки список за кандидатот на ДУИ поддржан од СДСМ и Коалицијата и актуелен градоначалник, Хекуран Дука, гласале 226 а за Беким Поцеста од Алијансата за Албанците-Алтернатива подржан од ВМРО-ДПМНЕ, 293 лица.
Од вкупно запишаните со право на глас, ова право го оствариле 528 лица или околу 68 отсто.
На ова гласачко место во првиот круг гласаа 484 или 62,29 отсто. За Дука гласаа 195 додека за Поцеста 271 лице, неважечки беа 16 ливчиња.
На ова гласачко место се прегласуваше откако Управен суд ја прифати тужбата на коалицијата Алијанса за Албанците-Алтернатива, а ДИК врз основа на тоа донесе решение за повторување на гласањето.
Тоа со оглед дека вкупниот број на запишани избирачи на ова избирачко место влијае врз вкупните резултати во оваа општина.
Ново на Сител
-

Стабилно и потопло време во наредните денови
-

Повеќе од една година на незапирлив раст: Како НАН го трансформираше пазарот за наплата на побарувања во Македонија
-

АХВ: Спорната бебешка храна на HiPP не е увезена во Македонија
-

Сведок на судењето за „Пулс“: Се заглавив меѓу вратите, обезбедувањето ме извлече во последен момент
-

Бројот имигранти во ЕУ достигнал рекордни 64,2 милиони
-

Автобус се преврте на патот кон бугарско-турската граница кај Мало Трново, има загинати и повредени
-

Зголемена стапката на даночно затајување во Грција – на прво место автосервисите
-

Воени планери во Лондон на разговори за мисија во Ормуската Теснина
