Во Дебар еден новозаразен со Ковид-19, активни 32 лица
Во изминатото деноноќие во Дебар регистриран е уште еден позитивен случај со Ковид-19, со што вкупната бројка на ковид дјагностицирани се зголеми на 83, од нив само во последните дваесеттина дена 32 лица.
Од вкупниот број оздравени се 48, четворица починаа додека активни на болеста се 31,од нив четворица се хоспиталзирани во Инфектвната клиника и во болницата „8 Септември“ во Скопје, додека останатите се со полесна форма и се на домашно лекување.
По зголемиот број новозаразени Општинскиот Оперативен штаб на Дебар продолжува со мерките и активностите за подигање на свеста од опасноста на коронавирусот и подоследно почитување на препораките за спречување на неговото ширење.
Откако низ градот беше поставен едукативен материјал, денеска објави видео порака под мотото „Невидливиот непријател се појави кај нас“. Со пораки да се почитуваат препораките се јавуваат членовите на Штабот, кои се претставници на значајни институции, непосредно вклучени во справувањето со пандемијата, како и дебарскиот муфтија, а завршува со зборовите „со Божја помош и нашата грижа ќе се справиме со невидливиот непријател“.
Според проценката на надлежните здравствени работници, како што рече градоначалникот Хекуран Дука, се очекува зголемен број новозаразени.
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце