Во Дебар 10 новозаразени со Ковид-19 и еден починат
Во последното деноноќие во Дебар потврдени се 10 новозаразени со Ковид-19, а едно лице ја загубило битката со опасниот вирус.
Со денеска потврдените позитивни случаи, вкупната бројка на заразени, од појавата на пандемијата досега, изнесува 205, од нив во списокот на оздравени се впишани 83, починаа седум, останатите се активни на болеста, од нив десеттина се хоспитализирани во здравствени установи во Скопје.
Официјалните податоци потврдуваат дека 154 се во втората фаза, односно од петти јуни до денеска, наспроти 51 колку што имаше во првата фаза.
– Она што посебно загрижува е фактот што и понатаму голем е број на граѓани кои се јавуваат со симптоми на опасниот вирус во Општата болница. Апелираме на строго почитување на мерките и протоколите. Посебен апел упатуваме до младите,кои во втората фаза се и најпогодени од невдливиот непријател, а кои во голем број се во кафулињата и се релаксираат на брегот на Дебарско Езеро а при тоа не почитуваат ниту одржување физичка дистанца ниту носење заштитна маска, велат од општинскиот Оперативен штаб.
Според статистичките податоци на дебарското Одделение за внатрешни работи, во последното деноноќие нема казенети дебрани за неносење заштитна маска, додека во изминатите денови од неделата на над 30 лица им се издадени прекршочни платни налози за неносење заштитна маска.
По зголемиот број на новозарзени со одлука на општинскиот Оперативен штаб двапати неделно се врши дезинфекција на главната и пофрекфентните улици,како јавните површин во градот.
Ново на Сител
-
Дали Управниот суд ќе стави официјален крај на изборите?
-
Tема на денот со Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ
-
Ќе има ли учебници за сите од први септември?
-
Ахмети најави битка за одбрана на легитимност
-
По пратеничкиот мандат на Беџети, Сарај ќе избира нов градоначалник
-
Внимателно со трошење на буџетските пари, порачуваат академците
-
Советот на јавни обвинители законски не може да го разреши Иџет Мемети
-
На Кацарска и завршува мандатот - Кој ќе ја наследи?