Во Далас регистриран првиот случај на пренесување на зика вирусот преку полов однос
Во Далас беше регистриран првиот случај на пренесување на зика вируот преку полов пат, соопштија локалните здравствени власти.
- Пациентот бил заразен со вирусот зика, откако имал сексуален контакт со болен човек, по неговото враќање од земја, каде што е проширен вирусот, соопштија во коминике здравствените власти во округот Далас.
Окружната здравствена служба наведе на твитер дека „лицето не патувало во странство, туку се заразило со вирусот од човек, кој бил во Венецуела.
Центрите за контрола и превенција на заболувањата потврдија дека има случај на заразен во Далас, но не правеле истражувања на каков начин бил пренесен вирусот.
Вообичаено зика се пренесува при каснување од комарец. Научниците истражуваат дали е возможно тој да биде пренесен преку полов однос. Вирусот беше откриен во сперма на маж на Тахити. Се наведува и случај за научник од Колорадо, кој се заразил со вирусот во странство и и го пренел на сопругата, кога се вратил дома во 2008 година.
Ново на Сител
-
120 доброволци се обучуваат за справување со пожари
-
Национална стратегија за заштита од пожари
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер
-
Договор за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Експертите ја поздравуваат најавата за инвестиции
-
Зоврива албанскиот блок со заострена реторика пред локалните избори
-
Загрижувачки 30 проценти од бремените жени се соочуваат со анксиозно-депресивни потешкотии