Во Црна Гора тридневна жалост поради трагедијата во Цетиње
Во Црна Гора е тридневна жалост поради масакрот во Цетиње каде вчера беа убиени 11 лица, меѓу кои и напаѓачот. Согласно одлуката која црногорската влада ја донесе синоќа, денови на жалост се сабота, недела и понеделник, 13, 14 и 15 август. По повод тридневната жалост знамињата ќе бидат спуштени на половина копје на сите згради на државните органи и зградите на органите на локалната самоуправа и јавните институции.
На ден на жалост нема да се одржуваат јавни, културно-забавни програми на јавни места, а музика нема да се пушта во угостителските објекти. Електронските и другите медиуми се должни да ја приспособат својата програмска содржина за да го одбележат денот на жалост.
„Поради невидениот трагичен настан, што резултираше со загуба на животи на црногорски граѓани, Владата донесе одлука да прогласи тридневна жалост на територијата на цела држава Црна Гора“, се наведува во образложението на одлуката.
Во населбата Медовина во Цетиње, 34-годишен маж отвори оган врз сограѓани и уби 10 лица меѓу кои и две деца, додека шестмина се ранети. Напаѓачот пукал и кон полицијата, а во пресметката бил убиен од сограѓанин. На трагедијата и претходела семејна расправија.
Ново на Сител
-
Трајко Славески предлог на претседателката Сиљановска Давкова за нов гувернер на НБРМ
-
Се чека предлогот на претседателката Сиљановска Давкова за нов гувернер на НБРМ
-
Тема на денот со Митко Трајчулески, пратеник од СДСМ
-
Преглед на вестите од светот
-
Се чека предлогот на претседателката Сиљановска Давкова за нов гувернер на НБРМ
-
Мицкоски чека предлог за нов министер до крајот на неделата
-
Мицкоски најавува и нов Клинички центар од договорот со Обединетото Кралство
-
Четворица уапсени од Беланоца - Убивале луѓе по нарачка