Во Чикаго најавен полициски час по немирите и грабежите

Полицијата во Чикаго ќе го ограничи пристапот до центарот на градот по ноќите насилство и грабежи, поради извештаите дека полицијата застрелала еден човек.
Полицискиот началник Дејвид Браун изјави дека движењето ќе биде ограничено од 20:00 до 06:00 часот, а „големото полициско присуство“ ќе продолжи до понатамошно известување. Тој рече дека „срамното уништување“ е поттикнато од дезинформација дека полицијата во неделата застрелала осомничен.
На видеа објавени на социјалните медиуми се гледаат стотици луѓе како ограбуваат и се судираат со полицијата.
Полицијата во Чикаго од понеделникот уапси повеќе од 100 лица за грабеж, нарушување на јавниот ред и напади врз полиција.
Полицијата пријавила и размена на оган со осомничени во раните утрински часови.
Градските власти привремено ги прекинаа транспортните услуги до центарот на градот и ги крена мостовите.
Официјални лица соопштија дека 13 полицајци биле повредени во текот на ноќта, меѓу кои еден бил погоден со шише, а еден цивил и еден полицаец биле ранети од огнено оружје.
Чикаго е еден од ретките американски градови каде употребата на оружје и убиства од неодамна е зголемена.
Најсмртоносен ден во последните 30 години беше во јуни.
Ново на Сител
-

Честитка од претседателот на Собранието Гаши по повод Рамазан Бајрам
-

ВМРО-ДПМНЕ: Законот важи за сите
-

СДСМ: Нема пари бидејќи ги крадат
-

СПМ: Институциите да постапуваат без селективност
-

Земјотрес во Грција, почувствуван и во Македонија и Албанија
-

Иран ја предупреди Велика Британија: Вашиот потег ќе влезе во историјата
-

Времен режим на сообраќај во недела во скопски Аеродром поради атлетска трка
-

Цените на нафтата се намалија
