-->
-->
Во Чешка и Јапонија регистрирани првите случаи на Зика
-->

Во Чешка се регистрирани првите два случаи на заразување со вирусот Заки, соопшти чешкото Министерство за здравство, пренесува БТА.
Станува збор за туристи кои се вратиле од Карибите. Првиот случај е маж кој бил во Мартиника, а вториот е жена која била во Доминиканската Република.
Двајцата заразени се вратиле во Чешка пред две недели и со оглед на тоа дека симптомите не се тешки тие се лекуваат во домашни услови.
Истовремено, како што пренесува Тасс, во Јапонија е регистриран првиот случај на заразување со вирусот Зика, при што инфицирано е младо момче кое патувало во Бразил.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Се укинува Пржинската влада
-

Претседателот Пармелан на средба со премиерот и стопанствениците
-

Се укинува Пржинската Влада
-

Тема на денот со Даниела Иротова Лазарева, директорка на Агенција за финансиска поддршка на земјоделието
-

Ужас во Гостивар - 15 годишник ја силувал помалата сестра
-

Народен правобранител: Системот со сериозни слабости, секое петто дете е жртва на сексуално насилство
-

Треба ли државата да ги забрани социјалните мрежи за децата
-

Собранието решава за техничката влада
