Во Чешиново Облешево се градат набљудувачници за штрковите

Општина Чешиново-Облешево како дел од мрежата на Европски села на штркови, започна со реализацијата на проектот за изградба на две набљудувачници за штркови.
По потпишаниот договорот со Германската фондација „Еуронатура“ за финансирање на проектот “Wet Meadows and Pastures“, двете набљудувачници ќе бидат изработени од дрвена конструкција и ќе бидат поставени во близина на с. Уларци и во паркот во Чешиново.
- Набљудувачниците ќе придонесат за нормално следење на движењето, прирастот и местото на престој на штрковите во овој дел од Кочанската котлина, што е содржано и со програмата за развој, унапредување и заштита на штрковите во овој дел од државата. Вкупната вредност за изградбата на овие две набљудувачаници изнесува 130 илјади денари, изјави Катерина Постолова од општина Чешиново Облешево.
Чешиново Облешево веќе петта година е дел од мрежата на Европски села на штркот, а досега во општината се регистрирани 80 штркови гнезда со тенденција за нивно зголемување.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Андреј Жерновски, СДСМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Зелени грантови за домаќинствата и бизнисите во Босилово
-

Над 200 евакуирани во Кичево поради поплава
-

СДСМ со нови обвинувања за тендери, ВМРО-ДПМНЕ ги отфрла како популизам
-

Обвинувања за поврзаност со бизнисот со канабис - нова политичка пресметка
-

Мицкоски од Минхен: Не ни треба процес без крај, туку предвидлива европска иднина
-

МОН од утре ќе организира јавни дебати за Законот за високо образование
