Во Цетиње масовен протест против устоличувањето на Јоаникије
Голем број граѓани се собраа денеска во Цетиње за да протестираат против устоличувањето на Јоаникиј Миќовиќ за митрополит црногорско-приморски на Српската православна црква (СПЦ), закажано за 5 септември во Цетиње.
Организаторите на протестот, група граѓани, бараат устоличувањето на Јоаникије да биде на некое друго место, а не во Цетинскиот манастир, седиштето на Митрополијата, јави Бета.
Тие велат дека Јоаникије е „недостоен за престолот на Свети Петар Цетински“, дека е човек на Црквата на Србија и најавија „одбрана“ на Цетинскиот манастир.
Во пораката на насобраните, која ја прочита активистот Предраг Вушуровиќ, се наведува дека насобраните „не бранат српскиот патријарх да го устоличи својот застапник во објектите изградени или добиени од Црквата на Србија во Црна Гора“, туку дека се против устоличување во Цетинскиот манастир.
„Не дозволуваме овој чин на окупација во престолинината на Свети Петар во Цетинскиот манастир, симбол на црногорскиот духовен, државен и национален идентитет и слобода на Црна Гора“, се вели во прогласот.
Се наведува дека устоличувањето во Цетиње би било „симболичен доказ за согласност за окупација на оние што не ја признаваат црногорската нација, јазик, држава, црква и култура“.
„Ние немаме друга држава освен Црна Гора и затоа нема да дозволиме нејзина клерикализација, фашизација, асимилација и давење во„ српскиот свет “, порачаа неколку илјади луѓе собрани на протестот.
Ново на Сител
-

Поскапуваат дизел горивата
-

Украден „голф“ кој бил паркиран со клуч на бравата - возачот удрил во маркет и повредил вработена
-

Кумановец сакал да откупи крипто валути, останал без 43.750 евра
-

МЗШВ: Засилени контроли на АХВ во Липково поради појава на сипаници кај овците и козите
-

Јаневска: Нема потреба од повлекување на законот за високо образование, нема многу забелешки, сите разумни ќе бидат прифатени
-

Зеленски: Следните мировни преговори ќе се одржат во Абу Даби на почетокот на март
-

Oткриен обид за шверцување 4.800 пакувања никотински кесички во вредност од 1,2 милион денари
-

Дала 2.700 евра а барала да се вратат 15 илјади евра, уапсена 53 годишна лихварка во Струмица
