Во Центар Жупа не е обезбеден потрениот цензус на илезност - Ќе има втор круг
Во Општина Центар Жупа, денеска, во првиот круг од локалните избори не е избран нов градоначалник, бидејќи не е обезбеден потребниот цензус на излезност од 1/3 од вкупно запишаните гласачи во единствениот избирачки список, потврди за МИА, претседателот на ОИК, Неџип Илјаз.
-Во Општина Центар Жупа се гласаше на 16 избирачки места, кои беа отворени во 7, а затворени во 19 часот. Изборниот ден мина мирно без ни најмал проблем. Право на глас во оваа печалбарска општина имаа 7.317 а го остварија 25 отсто, додаде Илјаз.
Во трката за градоначалник беа актуелниот Аријан Ибраим, од Турската демократска партија, кој довербата од неговите сограѓани ја бара по трет пат и Шаин Шаќир од партијата Движење за национално единство на Турците.
Ибраим, според иформации од неговиот Изборен штаб добил над 850 гласови повеќе од неговиот потивкандидат Шаќир. За неговите прврзаници и за поголем број жители ова е последователна победа на Ибрам, што ја одбележаа во центарот на Центар Жупа.
За 11-те советнички места имаше шест листи и тоа од Турската демократска партуја, СДСМ, ВМРО ДПМНЕ, Партијата движење за национално единство на Турците и ДУИ.
На локалните избори во 2017 година, вториот мандат Ибраим го обезбеди во првиот круг, кога доби над илјада гласови повеќе од неговиот противкандидат. Тогаш од вкупно запишаните 6.810 гласачи, правото го искористиле над 40 отсто.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата