Во Центар Жупа изградено првото детско игралиште

Заврши изградбата на детското игралиште во Центар Жупа, изградено од Општина Центар Жупа, во соработка со УНДП, што е прво од ваков вид на територијата на оваа општина.
Игралиштето веќе е ставено во функција, бидејќи се завршени сите предвидени активности околу партерното уредување и поставување на урбаната опрема и детските реквизити.
-Станува збор за општински проект реализиран со поддршка на УНДП, а делумно финансиран и од општината преку локалниот буџет, за што се потрошени 3,8 милиони денари. Покрај игралиштето, имаме и зелена површина со клупи, каде може да престојуваат и поозрасните наши сограѓани, а изградивме и паркинг места, рече за МИА, Аријан Ибраим, повереник со надлежности на градоначалник.
Искрено, додава тој, вакво детско катче е долгогодишна потреба, за среќа е веќе реализирана, што предизвика голема радост кај децата кои сега имаат соодветно место каде ќе може да минат пријатни мигови.
Детското изгралиште се наоѓа веднаш до основното училиште „Мустафа Кемал Ататурк“ и во близина на општинската зграда.
МИА
Ново на Сител
-

Нема да ја екстрадираме Ива Михаилова, вели бугарскиот министер за внатрешни работи
-

Претреси на 40 локации низ државата, пронајдени дрога, оружје, пари и мачети
-

Брвеница утре избира градоначалник, денеска гласаат болни, изнемоштени и затвореници
-

Специјална Олимпијада: Историски успех на нашите атлети во Малта
-

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри
-

Јабланица чека да биде прогласена за национален парк
-

Стресот и анксиозноста сѐ поприсутни кај младите, стереотипите ги кочат да побараат помош
-

Преглед на вестите од светот
