Во Царството Небесно доби двоен венец - на јерарх и на маченик, денеска се празнува овој светец

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 4 октомври.
Денеска е Св. свештеномаченик Еротеј.
Зборот маченик доаѓа од грчкиот мартис, што во превод значи сведок. Значи, македонскиот јазик става акцент на страдањето за Христа, кое е симбол за влезот во новиот живот. Во својата суштина исто значење има и грчкиот мартис, само што се става акцент на проповедта, т.е. сведочењето за Христа со личниот пример на мачениците. Таков сведок беше и светиот Еротеј, инаку другар на Дионисиј Ареопагит, кој исто како и Дионисиј ја прими верата во Христа од апостол Павле и, исто како и Дионисиј, стана атински епископ. После Дионисиј и Еротеј, Христовата вера фати длабоки корени во Атина. Овој маж го заврши плодниот живот со маченичка смрт.
Многу се потруди во делото на Евангелието, многубројни незнабожци ги обрати кон вистината, добро го управуваше своето словесно стадо, и најпосле заврши маченички за Христа, Којшто му даде двоен венец во Царството Небесно: венец на јерарх и венец на маченик.
Ново на Сител
-

Во Виена приведени 14 луѓе поради учество во пропалестински протест
-

Бугарската пејачка Дара победи на Евровизија со песната Бангаранга
-

Променливо облачно и посвежо
-

МВР: Расчистен случајот со опасно управување скутер во Штип | ВИДЕО
-

Автобус се запали на автопатот Велес-Скопје
-

Димитриеска Кочоска на ФБ: Намалувањето на акцизите на горивата и на ДДВ-то за бензините од 18 на 10 отсто ќе важи до 1 јуни
-

Истрага за осомничен за продажба на кокаин во Тетово
-

ЈОРСМ: Предложен притвор за телесна повреда при семејно насилство во Скопје
