Во Бугарија приведени 40 мигранти на границата со Србија

Припадници на бугарската погранична полиција од Брегово вчера, во близина на бугарската граница со Србија,привеле 40 илегални мигранти, јави БТА.
Од 40-те приведени мигранти, 30 тврделе дека се Авганистанци, седуммина од Пакистан, а тројца од Непал, информира денеска Главниот директорат на бугарската погранична полиција.
Припадници на пограничната полиција од Мало Трново, вчера, исто така, привела деветмина мигранти во близина на Резово, на границата на Бугарија со Турција, откако тие илегално влегле на бугарска територија.
Четворица меѓу деветмината приведени мигранти имале ирански патни исправи, додека останатите немале идентификациски документи. Бугарските власти продолжуваат да работат на овој случај, наведува бугарската агенција.
Во последните 24 часа, Регионалниот директорат на пограничната полиција во Елхово, во југоисточна Бугарија, во осум издвоени обиди за елегално минување на границата спречил повеќе од 220 мигранти да прејдат од Турција во Бугарија, додава БТА.
Ново на Сител
-

Цените на храната и оваа година ќе останат исти, смета бизнисот
-

ФЗО и ПМФ склучија договор за детални генетски анализи кај онколошки пациенти
-

Вевчански карневал од 12-14 јануари
-

Преглед на вестите од светот
-

Висок водостој на реките на Истокот, но без опасност од поплави
-

Од утре нов екстремно студен бран во Македонија
-

Филипче: Нема лидерска среда, техничката влада не смее да биде укината
-

На ПМФ ќе се вршат напредни дијагностички анализи кај различни онколошки состојби
