Во Бразил измерена највисоката температура досега
Во Бразил е измерена највисоката температура досега, дури 44,8 степени Целзиусови, во екот на неподносливиот топлотен бран што зафати делови од таа голема јужноамериканска земја.
Рекордот беше соборен во неделата во градот Арасуаи, во југоисточната бразилска држава Минас Жераис, соопштија официјални лица.
Невидената жештина се припишува на феноменот Ел Нињо и климатските промени. Синоптичарите рекоа дека жештината веројатно ќе се намали оваа недела.
Официјални лица на Националниот институт за метеорологија (Инмет) соопштија дека во трите главни градови на бразилските држави ќе бидат забележани температури до 40 степени, пренесе Си-Ен-Ен Бразил.
Претходниот температурен рекорд беше 44,7 степени и беше измерен во 2005 година.
Поради жештините, црвени предупредувања беа издадени во делови од земјата, еден месец пред почетокот на летото на јужната хемисфера.
Потрошувачката на енергија во Бразил скокна на рекордно ниво, бидејќи луѓето се обидуваат да се разладат со клима уреди.
Ново на Сител
-
Колкави се шансите некои општини да не изберат градоначалник?
-
Тема на денот со професор Борче Треновски
-
Поголем род и повисока откупна цена на грозјето се очекува годинава
-
Голем пожар на две бараки во скопски Карпош, огнот се гасеше и со ертрактор
-
Странски кардиохирурзи и кардиолози ќе ги проверуваат наводите на Сашко Кедев
-
Жените жртви на семејно насилство не добиваат соодветна заштита од институциите, вели ДЗР
-
Прочистување на судско-обвинителскиот систем после локалните избори
-
Мицкоски: Гласачкото ливче на локалните може да биде долго и 7-8 метри