Во Битола се одржа литературната манифестација „Современи дијалози“

Центарот за култура, литература, драмска уметност, филм и издаваштво кој работи во состав на Македонското научно друштво-Битола, синоќа во рамките на „БитФест“ ја одржа традиционалната манифестација „Современи дијалози“ на која беа доделени годишните награди и признанија за истакнати личности кои директно придонесуваат во развојот на литературата и културата на национално ниво, а воедно беше промовирано и најновото издание на истоименото списание - „Современи дијалози“.
Пригодна реч за традиционалниот културен настан во овој град, одржа претседателот на МНД-Битола, Игор Неделковски кој истакна дека нововостановената традиција поткрепена со издавачката дејност преку списанието „Современи дијалози“ дава уште еден позитивен белег на литературниот потенцијал во градот под Пелистер.
- Пред три години „Современи дијалози“ беа обид, а сега слободно може да се зборува за традиција. Квалитетот на списанието е одраз на квалитетната содржина и изборот извршен под водство на раководителот на центарот, Зоран Пејковски, како и редакцискиот одбор во кој членуваат докажани поединци посветени на прозата и поезијата. Афирмацијата на овој проект овозможи тој да биде препознатлив на национално, регионално и локално ниво, а желбата за објавување на трудови во списанието, голем мотив и престиж за секој автор, рече меѓудругото Неделковски, кој воедно ги врачи признанијата на наградените лица.
Годинешен добитник на наградата за животно дело за висок уметнички придонес во македонската литература е писателот Радован П.Цветковски, награда за постигнувања во поезијата му беше доделена на поетот Панде Манојлов, а за успешно менаџирање на НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“-Битола беше награден директорот на таа национална установа Науме Георгиевски.
На синоќешниот културен настан во Битола награда за придонес во книжевноста и беше доделена на професорката по македонски јазик Милица Димитријовска-Радевска, награда за придонес во драмската уметност му беше доделена на актерот од битолскиот театар Петар Горко, додека награда за директен придонес и афирмација на македонската литература и култура, како и за стручните авторски дела му беше доделена на новинарот на МИА, Марјан Танушевски.
Ново на Сител
-

Клековски: ПЕТ-скенот не е расипан, проблем е циклотронот, се прави сè што е можно побрзо да се набават суровини за него
-

Ангелов: Пожарот во Мариово повторно се активира, огнената линија се протега на 20 километри
-

НП „Шар Планина“ со апел до возачите на моторни возила да ја намалат брзината при движење низ планинското подрачје
-

Трамп ја нарече Ормуската Теснина - нова територија на САД
-

Голем кибер напад во Летонија, украдени податоци од 1,2 милиони луѓе
-

Убедлив триумф на Вардар против грчки Олимпијакос
-

Украина учествуваше во вежбите на НАТО против дронови во Летонија
-

Тошковски на централната прослава во Охрид: 34 години македонска Армија – чест, традиција и сигурност за Македонија
