Македонија
27. August 2023 - 11:38

Во Битола санкциониран возач со 5.01 промили

Во текот на изминатата вечер  (27.08.2023) во периодот од 00.00 до 05.00 часот на подрачјето на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

При контролата  санкционирани се 18 возачи.

Во Битола е санкциониран и возач од Прилеп кај кого се измерени 5.01 промили алкохол. За време на контролата биле санкционирани и 35 други видови прекршоци.

Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и сите да придонесеме за безбедност во сообраќајот.