Во Битола премиера на операта „Марија од Буенос Аирес“

Битолскиот летен фестивал „БитФест“ вечер продолжува со премиерна изведба на танго операта „Марија од Буенос Аирес“ од Астор Пјацола, во режија на Благојче Божиновски.
Како што рече градоначалникот Владимир Талески, Битолската опера како имиџ проект на „БитФест“ продолжува со премиерни изведби. Затоа и годинава локалната самоуправа овозможи поддршка.
- На програмата е некомерцијален настан, проект со голема придобивка. Ваква содржина ретко се сретнува во другите општини, нагласи Талески.
Во операта „Марија од Буенос Аирес“ ќе настапат 44 уметници од различен профил, најголем дел битолчани, музичари и солисти.
- Во операта доминираат страста, љубовта, страста кон животот и смртта. Операта открива зошто треба да се прости и да биде простено. Верувам дека битолскиот камерен оркестар и солистите ќе ги пренесат сите музички сегменти на танц до присутната публика на вечерашната опера, нагласи режисерот Божиновски.
Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимите на Благој Мицевски, а сценските движења ги подготви Анжела Топчиј.
Ново на Сител
-

„Денови на македонската поезија“ по 36-ти пат во Гетеборг
-

„Бела ноќ 2026“ во Скопје - концерти, изложби, перформанси, настапи на диџеи и програма за најмладите
-

Во рускиот источен регион Иркутск млада жена почина од куга
-

Северна Кореја истрела балистичка ракета кон Јапонското Море
-

31 година од атентатот врз Киро Глигоров - сè уште без одговор кој стоел зад нападот
-

Сончево со мала до умерена облачност и студено утро
-

Г7 пушта до 100 милиони барели нафта и дизел од резервите за да ги намали цените
-

Од декември построги услови за кредит
