Во Битола почнува 35. издание на ликовната колонија „Мал битолски Монмартр“
Детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“ од Битола ги пречека годинешните учесници на 35. издание на меѓународната детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“ која вечер во Старата битолска чаршија ќе биде отворена со изложба и огномет.
Од денеска до 30 мај во Битола престојуваат ученици и нивните ликовни педагози од Словачка, Кина, Русија, Турција, Украина, Србија, Бугарија, Малезија, Романија, Полска, Индија, Египет, Тајланд и од Македонија.
- Во Битола освен светска изложба ќе има и хепенинг, а децата од светот ќе ги посетат и Охрид и Крушево. Вечерашното свечено отворање ќе биде во знакот на учениците од Спишска Бела, Словачка, кои се годинешни добитници на највиското одличје, наградата „Гран при“ истакна основачот на колонијата во овој град Коста Хаџиантоновски.
Според востановената традиција, на 29 мај децата од светот на плоштадот „Магнолија“ во Битола ќе цртаат на тема „Олимпијадата во очите на децата“, а најдобите ликовни творби ќе бидат претставени во олимпиското село на претстојните летни олимписки игри во Рио де Жанеиро. Изборот на најдобрите творби ќе го направи тим на Маѓународниот олимписки комитет-МОК од Лозана што во јуни ќе престојуваат во Битола, потврди Хаџиантоновски.
Меѓународната детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“ годинава се реализира со поддршка на повеќе приватни компании од Битола и со финансиска поддршка на Министерството за култура и Министерството за образование.
Ново на Сител
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје