Во Битола „Отворен ден со граѓаните“ на Катастарот и Управата за имотни-правни работи

Управата за имотно правни работи и Агенцијата за катастар на недвижности денеска во Битола организираа „Отворен ден со граѓаните“.
Зоран Крстаноски, директор на Управата за имотно-правни работи, информира дека мотивот за заедничка организација е поврзан со искуството на двете државни институции кое покажало дека граѓаните вообичаено поставуваат врзани прашања од надлежност на Управата и катастарот.
- Одделението во Битола е со најголем наплив на поднесени барања за приватизација и од почетокот на реализацијата на законското решение беа поднесени околу 26.000 барања за приватизација. Ефикасно се решаваат сите предмети затоа што правилно и рационално ги распоредивме ресурсите, нагласи Крстаноски.
На денешната средба со новинарите во Битола, директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески истакна дека одделението во Битола е едно од најдобрите во државата со најголем број решени предмети.
- Одделението во Битола има решено повеќе од 70.000 предмети, а паралелно вршиме дигитализација на катастарските планови кои ќе бидат комплетно завршени до крајот на годината. Во оваа прилика сакам да апелирам да се запази рокот за доставување геодетски елеборати за легализација на дивите градби кој истекува на 31 декември, а доставувањето се врши во општините, рече Трпески.
Катастарот, појасни, врши бесплатна изработка на геодетски елаборати за корисниците на социјална помош, на постојана парична помош и со ниски примања. И оваа категорија граѓани треба да ги запази роковите за да можеме навремено да ги изработиме геодетските елаборати. Инаку на ниво на држава, регистрирани се 4.042 барања за бесплатна изработка на геодетски елеборати, од нив 3.953 веќе се изработени, рече Трпески.
Во Катастарот од септември 2011 година досега се впишани 7.651 легализиранио објекти, а вкупно во целата држава 131.584.
Ново на Сител
-

УЕФА ќе го тужи Инфантино
-

Попладне наместа услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Честитка од Сиљановска-Давкова по повод Успение на Пресвета Богородица: Во време на премрежија ликот на Мајката Божја нѐ инспирира и храбри да истраеме на патот на доброто
-

Два светски рекорди на атлетскиот митинг во Цирих
-

Тројца македонски државјани загинаа, а двајца се тешко повредени во сообраќајна несреќа во Словенија
-

Четири активни пожари, три под контрола, 24 се изгаснати
-

Крводарителска акција во чест на празникот Голема Богородица организира Црвениот крст
-

САД се близу до договор за пристап до венецуелските нафтени резерви
