Во Битола доделени наградите за „Најубав новогодишно украсен простор“
Грaдоначалникот на општина Битола Владимир Талески денеска ги додели наградите од објавениот конкурс за „Најубав новогодишно украсен простор“.
Талески посочи дека учесниците на конкурсот покажале голема креативност во украсувањето на своите објекти и додаде оти својот ентузијазам го споделиле со јавноста.
Наградите се доделени во три категории. Прва награда во категоријата најубаво новогодишно украсени куќи и дворови доби Александар Дамчевски, втора награда Славица Димовска, а третата награда ја поделија Пеце Апостоловски и Кире Јанковски, сите од Битола.
Наградите за најубаво новогодишно украсени станбени згради и балкони ги добија Игор Лозановски како првонаграден, втора награда добија станарите од станбена зграда на улицата „Смилевски конгрес“ бр.21 и Љубица Трајчевска Велјанова, исто така сите од Битола.
Според востановената традиција беше доделена и награда за „Најубаво новогодишно украсени институции и угостителски објекти“, а првата награда ја доби градежното претпријатие „Пелистер“-Битола, за објектот стаклена зграда.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ на седници на Извршниот и Централниот комитет ги утврдува предлозите за министри од својата партија
-
Тема на денот со воениот аналитичар Милан Стефаноски
-
Наместо во подземни контејнери штипјани сметот го одлагаат врз нив
-
ВМРО-ДПМНЕ на седници на Извршниот и Централниот комитет ги утврдува предлозите за министри од својата партија
-
Силјановска Давкова: Војната во Украина не е украински, туку европски и светски проблем
-
Ново поскапување на лебот ако се зголеми цената на струјата
-
Дали само итни пациенти се снимале на Институтот за радиологија поради технички проблем во петокот?
-
Детектор: Интернетот и социјалните мрежи штетно влијаат врз децата