Во БиХ во првите седум месеци од годината влегле над 42 илјади Арапи
Во Босна и Херцеговина првите седум месеци од годината влегле 42.627 граѓани од арапските земји, а најголем број од нив доаѓаат од Обединетите Арапски Емирати (19.887), по што следат Кувајт (11.103) и Саудиска Арабија (9.385), пишува денеска „Дневни аваз“, повикувајќи се на официјални податоци на Граничната полиција на БиХ.

На четврото и петтото место се граѓаните од Катар со 1.531, односно Јордан со 721 граѓанин, кој влегле во БиХ од почетокот на годината.
Врз основа на податоците на туристичките организации, Арапите во БиХ во просек се задржуват од пет до десет дена, додека значителен број од нив изнајмуваат или купуваат куќи за престој и до еден месец, а некои купуваат и градат недвижнини ширум земјата, каде веќе се изградени бројни арапски населби.
Во споредба со минатогодишните податоци, ова е очигледен пораст на посетите на Арапите на БиХ, пишува весникот и додава дека тоа е прв пат Граничната полиција да објави официјални податоци за пристигнувањата на арапски државјани во оваа земја.
Ново на Сител
-

Насилство врз жените: Сериозни системски бариери до заштита и правда
-

Преглед на вестите од светот
-

Муцунски: Владата е фокусирана на постепената интеграција паралелно со реформите за рамноправно членство во Унијата
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Шестмина уапсени под сомнение за тероризам
-

ЕУ подготвува акциски планови за членство за најперспективните кандидати
-

Силјановска: Европскиот процес го губи кредибилитетот
-

Дизелот поевтинува за 4 и пол денари откако Владата ја продолжи одлуката за намалено ДДВ
