Македонија
20. January 2023 - 16:31

Во Берово имало само 1 ден со чист воздух, Струмица најзагадена

Во Македонија нема град со чист воздух за дишење, дури и беровчани се гушат во канцерогени честички. 

Анализата на О2 за месец декември низ годините,  покажува алармантни податоци во однос на квалитетот на воздухот. Митот за воздушни бањи во Македонија е срушен со статистиката која се темели врз податоци кои ги објавува Министерството за животна средина. 

Скопје и Битола имаат речиси еднаков број на денови со дозволено загадување како и Берово,каде изминатиот декември граѓаните само еден ден дишеле чист воздух. 

Според анализата Битола е град со најголем број денови со чист воздух за ПМ2,5 според мерната станица која е на 13 км оддалечена од РЕК Битола. Интересна е забелешката на О2 дека намалување на штетните честички има во годините кога била исклучена од погон индустријата или пак откако биле поставени филтри. Најзагаден град е Струмица. 

Еко активистите уште еднаш покажаа дека изворите на загадување се најразлични и апелираат до институциите сериозно да ги анализираат податоците кои тие самите ги објавуваат како релевантни. 

Ѓеоргиевска потенцира дека за сега единствено решение се временските услови кои и во последните денови поради присуство на ветер, мерните станици не регистиррале поголемо загадување.