Во Берово - 12 степени, на Попова Шапка 26 сантиметри снег

Во Берово изутринава во 7 часот се измерени - 12 степени, -11 во Крива Паланка, - 10 во Демир Капија, Kрушево и Попова Шапка, а во Скопје-Петровец, Битола, Прилеп, Тетово и Mаврови Анови - 9. Во Струмица, Штип, Кавадарци, Велес, Охрид и Претор - 8, Скопје-Зајчев Рид, Куманово и Виница - 7, во Гевгелија - 5 степени.
Управата за хидрометеоролошки работи информира дека на Попова шапка има 26 сантиметри снег, во Крушево 15, во Ѓуриште 4, а во Тетово и Берово 2 сантметри.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.
МИА
Ново на Сител
-

Гаши го презентише извештајот за неговата двегодишна работа
-

Идните наставници со зелена мисија
-

Спортските настани магнет за туристите
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

СДСМ го одржува 32. Конгрес
-

ВМРО-ДПМНЕ: ЕУ не фали - Филипче бара уставни измени
-

ЕФА ја изгласа резолуцијата на МАЕИ со која се бара албанските власти да ги спроведат правата на македонски јазик
-

Охридскиот аеродром се отовора кон Полска
