Во Белград утрово немало места за пациенти со Ковид-19

Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар, предупреди дека утрово во Белград немало слободно место во болници за пациенти со Ковид-19 и посочи дека е крајно време „да бидеме обединети и да се откажеме од непотребни контакти во одреден иден период“.
На седницата на Собранието на која се дискутираше за измените и дополнувањата на Законот за заразни болести, Лончар изјави дека вчера биле отпуштени 250 ковид пациенти, но дека 600 морале да бидат примени во болница во изминатите 15 часови.
Пратениците на Собранието на Србија итно расправаат за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на населението од заразни болести. Тие измени предвидуваат дека комуналните милицајци и градските комунални инспектори ќе можат да изрекуваат казни на лице место за неносење маска или непочитување на физичката оддалеченост на отворено или во затворен простор. За измените на законот треба да се гласа вечерва во 19 часот, најави претседателот на Собранието.
Ново на Сител
-

Мицкоски за писмата на Филипче до ЕУ: Секој има право да си праќа писма, но моите чувства за прогон се се посилни
-

Трамп ја предлага Ерика Шварц за директор на националниот Центар за контрола и превенција на болести
-

Мицкоски: Состојбата со нафтата и нафтените деривати е добра, имаме најевтини горива во регинот
-

КЛ: Рајо Ваљекано, Кристал Палас, Стразбур и Шахтјор полуфиналисти
-

Барселона вложи нова жалба до УЕФА
-

Англиско полуфинале во Лига Европа
-

Тошковски во Вашингтон: Продлабочување на безбедносната соработка меѓу Македонија и САД
-

Скопскиот аеродром трет по бројот на патници во поранешна Југославија и покрај намалувањето поради кризата
