Во Белград протест против француско-германскиот план: Толпата фрла јајца кон зградата на Претседателството

Полициска единица опремена за разбивање демонстрациите спречи вечерва насобрани на протестот во Белград против прифаќањето на француско-германскиот план за Косово да се приближат до влезот во зградата на Претседателството.
Пред главниот влез на Претседателството има голем број луѓе кои им извикуваат „одете на Косово“ на присутните полицајци и фрлаат со јајца кон зградата.
Професорот Дејан Мировиќ во име на насобраните се обиде на главниот влез на Претседателството да предаде четири барања од протестот, кои никој од полицајците кои го блокираа влезот не сакаше да ги прифати, јави Бета
Тие најавија дека ќе останат пред Претседателството, се додека официјално не бидат прифатени барањата што сакаат да ги испорачаат.
Голем број полицајци во опрема за разбивање демонстрации има и пред градското собрание на Белград.
протестот против француско-германскиот план за Косово почна околу 18 часот.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Моника Зајкова, лидер на ЛДП
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

Привршува подготовката на новикот Изборен законик
-

Конечно ќе почне изградбата на втората фаза од автопатот Скопје - Блаце
-

Осветен 20 метарски крст во Таринци - донација од три семејства
-

Пожарите го кренаа револтот во Штип
-

Велосипедистите бараат поврзување помеѓу Охрид и Струга
-

Преглед на вестите од светот
