Во Белград протест на родителите чии деца беа убиени во ОУ „Рибникар“

Родителите на децата кои беа убиени во масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград на 3 мај, како и оние чии деца го посетуваат тоа училиште, денеска напладне се собраа на протест барајќи правда за сите жртви во мајските трагедии. Родителите, но и други граѓани, оставија цвеќе и запалија свеќи пред училиштето, јави Нова ТВ.
Пред „Рибникар“ има граѓани од сите возрасти, од деца до пензионери, јавија белградските медиуми. На 3 мај ученикот К.К влезе во училиштето и пукаше при што уби девет деца и чувар.
Родителите истакнаа дека се собрале да им порачаат на властите да бараат правда за сите деца кои беа убиени во „Рибникар“, но и за жртвите кои само еден ден подоцна беа убиени во Дубона и Мало Орашје. Тие рекоа и дека бараат безбедност на децата во сите училишта. Според нив, државата не направила ништо од 3 мај за безбедноста на децата и се уште не одговара на апелите на родителите. Бараат, како што велат, јасни и недвосмислени одлуки.
Министерството за образование им препорача на сите образовни институции да не организираат прослави по повод новогодишните празници. Тоа не треба да го прават, имајќи ги предвид невините жртви на двете масовни убиства во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград и во околината на Младеновац, велат од министерството.
Ново на Сител
-

Експерти: Реконструкцијата, можните предвремени избори и партиски прелети ја вжештуваат реториката
-

Тема на денот со Петар Арсовски, аналитичар
-

Нема веднаш да се казнува ако се пушат цигари на места каде е забрането – законот ќе се спроведува во фази
-

Нови правила за вработување во здравството
-

Силен земјотрес од 4,6 според Рихтер ја погоди Македонија: Регистрирани низа други по синоќешниот силен удар
-

До април Владата ќе очекува детален извештај како работеле 43-те лиценцирани фирми за канабис
-

Судењето за полицајците обвинети за работата на „Пулс“ закажано за во март
-

Трендафилов бара одземање на имунитетот на пратеничката Стојаноска откако објави видео со неговите малолетни деца
