Во Багдад продолжува политичката криза и после крвавите судири

Припадниците на ирачката паравоена полиција убиени во судирите со приврзаниците на моќниот шиитски свештеник Муктада ал-Садр беа погребани вчера, а претседателот на ирачкиот парламент прогласи тридневна жалост.
Како што пренесе Бета, во Багдад животот се нормализира по крвавиот ден кога приврзаниците на Муктада ал-Садр се судрија со ирачките безбедносни сили во Зелената зона, седиштето на ирачката Влада. Во оружените судири кои траеја неколку часа загинаа најмалку 30 луѓе меѓу кои приврзаници на Ал Садр и припадници на ирачките безбедносни сили, загинаа, а над 400 беа ранети. Ал Садр подоцна ги повика своите поддржувачи да се повлечат, по што вооружениот конфликт деескалираше.
Сепак, постои закана од продолжување на конфликтот бидејќи политичкото ривалство меѓу Ал-Садр и неговите политички непријатели поддржани од Иран не е решено. Политичките противници не се согласуваат околу соодветниот механизам за распуштање на парламентот и одржување на предвремени избори, кои се клучните барања на Ал Садр.
Ново на Сител
-

Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Трамп најави крај на војната со Иран, берзите растат, цената на нафтата паѓа
-

Детонации и пожар од кабли предизвикаа паника во Кисела Вода
-

Уставните измени и изборите отворија нов фронт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
-

„Градски воз“ во Скопје од 1 септември
-

Повторно протест на 50-тина лица со договор на дело на Клиника за детски болести
-

Потпишан меморандум за соработка меѓу француската амбасада и министерството за култура
