Македонија
8. August 2017 - 11:20

Во Австралија, Дубаи и Холандија запленети два тона дрога

Во неколку полициски акции во Австралија, Дубаи и Холандија денеска се уапсени 17 луѓе и се запленети два тона дрога, соопшти австралиската федерална полиција.

Девет мажи и една жена се уапсени во Сиднеј, додека пет мажи се уапсени во Дубаи.

Полицијата во Холандија во симултани операции уапси двајца мажи осомничени дека се одговорни за снабдување со дрога на нарко картели во Австралија.