Македонија
29. August 2017 - 18:20

Во Атина одржан состанок за мерките за градење доверба меѓу Македонија и Гријца

Министерството за надворешни работи попладнево соопшти дека денеска во Атина е одржан состанок за мерките за градење на доверба меѓу Република Македонија и Република Грција во согласност со договорот постигнат меѓу министрите за надворешни работи на двете земји во Скопје на 24 јуни 2015 година. 

- Состанокот претставува продолжение на пријателскиот и конструктивен дијалог на заемно договорените теми, како што се проекти за меѓусебно поврзување во областите на транспортот и енергијата, потоа полициска соработка, европски програми, култура, образование, цивилна заштита, јавна администрација, здравствена заштита, соработка меѓу дипломатските академии и иницијативи за деловна соработка. Експерти од релевантните национални институции придонесоа кон плодотворната и продуктивна дискусија, се наведува во соопштението.

Од МНР истакнуваат дека е одлучено следниот состанок да се одржи во Скопје, а за напредокот во процесот на спроведување на мерките за градење на доверба ќе се разговара и на состанокот на министрите за надворешни работи на двете земји што треба да се одржи во четврток во Скопје.