Во Атина нападната полициска станица со молотови коктели

Група од околу 10 маскирани лица утрово во два часот по полноќ нападнаа полициска станица со молотови коктели. Инцидентот се случи во населбата Пефки, северна Атина.
Во нападот што не траел повеќе од две минути, предизвикана е материјална штета, а нема повредени полицајци или граѓани. Две паркирани возила од кои едното полициско, изгореле, а интервенирала противпожарната служба за да го изгаси пожарот.
Молотовите коктели, кои според некои информации, биле направени со масло, за пожарот побрзо да се прошири, биле фрлени кон автомобилите, на влезот на полициската станица и пред гаражата со што е предизвикана материјална штета на објектот.
Со оглед на тоа дека нападот траел кусо, групата маскирани лица веднаш побегнала, а петмината полицајци, кои во тој момент биле во станицата не успеале ниту да ги фатат ниту пак да побараат засилување од нивните колеги.
Населбата во која што се случи нападот се наоѓа во еден од побезбедните делови на Атина.
Ново на Сител
-

Македонските превозници се повлекуваат од блокадите на граничните премини
-

Бислимоски: Нема да дозволам да биде извалкано моето име, постапките за одземање лиценци се идентични за сите субјекти во енергетиката
-

Сиљановска‑Давкова очекува решение за проблемот со превозниците бидејќи засегнати се национални, регионални и за европски интереси
-

Реферирање за борбената готовност на Армијата пред претседателката и врховен командант на Вооружените сили
-

Сиљановска‑Давкова: Нашата Армија е компатибилна и почитувана дома и надвор
-

Андоновска: Две недели има намалување на бројот на заболени од грип, но се уште е многу рано да се каже дека е надминат пикот
-

Николоски: Најдобар начин да обесхрабриме бесправно градење е некој да заврши во затвор
-

Мицкоски: Сè уште стои понудата за зголемување на платите што ССМ ја одби
