Во Атина нападната полициска станица со молотови коктели

Група од околу 10 маскирани лица утрово во два часот по полноќ нападнаа полициска станица со молотови коктели. Инцидентот се случи во населбата Пефки, северна Атина.
Во нападот што не траел повеќе од две минути, предизвикана е материјална штета, а нема повредени полицајци или граѓани. Две паркирани возила од кои едното полициско, изгореле, а интервенирала противпожарната служба за да го изгаси пожарот.
Молотовите коктели, кои според некои информации, биле направени со масло, за пожарот побрзо да се прошири, биле фрлени кон автомобилите, на влезот на полициската станица и пред гаражата со што е предизвикана материјална штета на објектот.
Со оглед на тоа дека нападот траел кусо, групата маскирани лица веднаш побегнала, а петмината полицајци, кои во тој момент биле во станицата не успеале ниту да ги фатат ниту пак да побараат засилување од нивните колеги.
Населбата во која што се случи нападот се наоѓа во еден од побезбедните делови на Атина.
Ново на Сител
-

Мерката за самовработување отвори 104 нови фирми во Струмица
-

Еко патролни тимови ќе ја заштитуваат Галичица
-

Идентификувани уште 16 тела во пожарот во Кранс-Монтана
-

Тема на денот со Ирена Алексиоска Папестиев, директорка на Гинекологија
-

САД ја нападна Венецуела и го зароби Мадуро
-

16-годишниот Стивен Ивановски е меѓу загинатите во пожарот во швајцарскиот бар
-

Семејството Арслани бара правда за 2 годишното дете кое почина по повреда за новогодишната ноќ
-

Две лица загинаа, откако со возило излетаа во Радика: Низа сообраќајни несреќи поради замрзнати коловози
