Во антитерористички акции во Истанбул уапсени 20 лица
Турската полиција уапси 20 лица, вклучувајќи и неколкумина адвокати, во рамки на операцијата, која опфаќа рации во Истанбул, а чија цел се припадници на Курдската работничка партија (ПКК), јави Анадолија.
Антитерористички полициски акции, со поддршка на хеликоптери, истовремено се спроведени во 32 места ширум градот, а меѓу уапсените се неколку акдвокати од се уште непознати здруженија.
Уапсените се одведени во главната полициска станица во Истанбул, по рутинската здравствена контрола.
Во рамки на операцијата се приведени лица во уште осум други провинции.
Рациите следеа откако судирите меѓу турските безбедносни сили и ПКК се проширија на нови подрачја во југоисточна Турција, а по самоубиствениот напад во Анкара, во кој загинаа 37 лица, на улиците излегоа тенкови и оклопни возила, придружени од хеликоптери.
Иако ниту една група не ја презеде одговорноста за нападот во Анкара, Министерството за внатрешни работи тврди дека зад него стои ПКК.
Ново на Сител
-
Во Кочани одбележана 119-годишнината од загинувањето на Никола Карев
-
Сончево со мала до умерена облачност, следува период на релативно топло време
-
Саливан: САД засега немаат системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ кои би можеле да ги испратат во Украина
-
Земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтеровата скала го погоди југозападниот дел на Јапонија
-
Промовирана новата генерација полициски службеници
-
Претрес во Штип, пронајдена дрога
-
СПМ: Ковачевски, Фатмир Битиќи и Бојан Маричиќ за грешките мора да си одат и да одговараат
-
Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница