Во Анкара отворена најголемата градска болница во Европа
Во Анкара, главниот град на Турција, е отворена најголемата градска болница во Европа, која воедно е и трета болница во светот чии севкупни единици се изградени во рамките на еден проект, пренесуваат турските весници.
Во состав на болницата се наоѓа и медицински кампус, а има капацитет дневно да прима 30.000 пациенти.
Објектот свечено го отвори турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој нагласи дека Турција денес има најсовремена медицинска опрема, притоа посочувајќи дека поседува 5.000 возила на брзата помош, медицински хеликоптери, чамци и бродови.
– Турција денес е земја која има капацитет на 1.250.000 граѓани да им понуди здравствени услуги во нивните домови. Нема нешто вакво слично во светот. Во минатото нашите државјани заминуваа во странство на лекување, но денес имаме речиси еден милион лица од странство кои побарале здравствени услуги во Турција, истакна Ердоган.
Иако церемонијата на свечено отворање се одржа вчера, на Денот на медицинарите, Градската болница во Анкара со прием на пациенти почна на 7 февруари оваа година. Најпрвин со работа започнаа одделите за кардиоваскуларна хирургија, општата болница, неврологија, ортопедија и онкологија.
Како што пренесуваат турските медиуми, досега во болницата се извршени 2.815 операции, на неделно ниво се изведуваат 7.000 операции, додека на дневно ниво се извршуваат околу 600 итни операции. Капацитетот на болницата е 3.800 кревети.
Ново на Сител
-
Високи претставници на ЕУ ги осудуваат санкциите на САД против МКС
-
Притвор за малолетникот кој извршил обид за убиство врз 55-годишен маж од скопско
-
Утре сончево и многу топло
-
АХВ воведе мерки на засилен надзор на болеста чума кај малите преживари
-
ДСЗИ: При инспекциските надзори во врска со смртта на детето од Кавадарци не се констатирани недостатоци од наша надлежност
-
Возач од кочанско со 2,25 промили алкохол во крвта управувал автомобил
-
Од Клиничкиот центар во Белград отпуштени последните два пациента поврдени во пожарот во дискотеката во Кочани
-
Повредени двајца работници во Пробиштип и Пехчево