Во Албанија за седум години во сообраќајни несреќи животот го загубиле 2.415 лица
Во период од седум години, 2009/2015 година, во сообраќајни несреќи во Албанија животот го загубиле 2.415 лица.
- Не се малку жртви, туку со полна уста може да се рече дека тоа е биланс од една силна војна, во земја која е во мир. Потребно е овие затрашувачки бројки јавно да се соопштат за да се алармира и државата и граѓанското општество, коментираат албанските медиуми, пренесува дописникот на МИА.
Гледано одделено по години најмногу жртви по албанските патишта имало во 2013, дури 395. Во 2009 година 378, следната година 352, во 2011 година во собраќајки животот го загубиле 322 лица, 2012 година 334, 2014 година 364 и 2015 година регистрани се 270 жртви.
Најчестите причини се неприлагодната брзина според условите на патот, непочитувањето на сообраќајната сигнализација, возењето под дејство на алкохол, употребата на мобилен телефон при возење, и неносење заштитни средства при возење моторцикл.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ на седници на Извршниот и Централниот комитет ги утврдува предлозите за министри од својата партија
-
Силјановска Давкова: Војната во Украина не е украински, туку европски и светски проблем
-
Ново поскапување на лебот ако се зголеми цената на струјата
-
Дали само итни пациенти се снимале на Институтот за радиологија поради технички проблем во петокот?
-
Детектор: Интернетот и социјалните мрежи штетно влијаат врз децата
-
Никако да се стави крај на нелојалната конкуренција
-
Стандардот, лошото здравство и образование и партизација, основни причини за иселувањето
-
Тема на денот со Елмедин Конаковиќ, Министер за надворешни работи на БиХ