Во Албанија од 1 април повисока минимална плата за 52 евра
Минималната плата ќе продолжи да се зголемува во Албанија во следните две години за да достигне 45.000 леки во 2025 година, изјави албанската министерка за финансии и економија, Делина Ибрахимај.
– Од 1 април минималната плата се зголемува на 40.000 леки, што е зголемување за 17,6 отсто на досегашниот износ од 34.000. За нас е предизвик да ја зголемиме и просечната плата. Албанија мора да премине на друг стандард. Ако во 2000 година бевме атрактивен пазар бидејќи имавме работна сила со ниски плати, денес мораме да станеме конкурентни за квалификуваната работна сила, рече Ибрахимај.
Таа истакна дека бизнисмените сфатиле дека вработените треба да се ценат и подобро да се плаќаат.
Според неа, има многу фирми кои го надминале владиното ниво од 40.000 леки за минимална плата.
Во албанската преработувачка индустрија до крајот на 2022 година има 8.500 компании. Вкупниот број на вработени е 88.452 или 12,7 отсто од вкупниот број вработени во земјата.
Минималната плата во оваа земја последен пат беше зголемена во септември минатата година, но иако постојано се зголемува и понатаму останува најниска споредено со земјите на Европа, но и регионот.
Моментно таа изнесува 285, а со зголемувањето од 1 април ќе изнесува 336 евра.
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден