Во Албанија 375 новозаразени со Ковид-19 и девет смртни случаи

Во Албанија во изминатото деноноќие забележан е помал број новозаразени споредено со изминатите денови, но помал е и бројот на тестирани случаи.
– Во изминатите 24 часа, од тестираните 1.889 сомнителни случаи, опасниот вирус е дијагностициран кај 375, што е 20 отсто од тестираните.Тирана и понатаму е главно жариште на болеста, каде се 127 од новозаразените. И покрај сите напори на здравствениот персонал битката со опасниот вирус ја изгубија девет пациени на возраст од 38 до 86-годишна возраст, информираше албанското Министертво за здравство и социјална заштита.
Најмладиот пациент во Албанија од над 1.100 починати на возраст од 23 години.
Во изминатото деноноќие во списокот на оздравени се внесени 391 пацент, додека во четирите ковид болници се третираат 324 пациенти, 33 на интензивна терапија од нив девет се интубирани.
Досега во земјата направени се 251.524 тестови, позитивен резултат е добиен кај 55.755, одзравеле 31.181,актвни на болеста се 23.431, додека почнале 1.143 лица.
Премиерот Еди Рама вчера најави дека на почетокот на следниот месец ќе почне вакцинацијата против Ковид-19. Најпрво ќе бидат вакцинирани здравствените работници, по што имунизацијата ќе продолжи кај наставниот кадар и полициските службеници.
Во меѓувреме во земјата продолжуваат мерките за ограничено движење. Полицискиот час трае од 20:30 до шест часот,што според одлуката на Комитетот на експерти за справување со пандемијата ќе важи до 4 јануари.
Ново на Сител
-

Кој го понесува најголемиот удар од блокирањето на Ормутскиот теснец?
-

Тема на денот со Ана Павловска Данева, Уставна судијка
-

ОЈО оформи предмет за Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош
-

Пиштол вперен кон сопругата, нападната ќерка - тројца мажи уапсени за семејно насилство
-

САД и Израел ги интензивираат нападите врз Иран, војната влегува во седмиот ден
-

Околу 800 Македонци побарале да се вратат дома од погодените земји
-

Нема потреба од паника, залихи на нафта има доволно
-

Документ на ЦИА за Киро Глигоров ги разбуди партиите за името
