Во АЕК лани 918 приговори, најмногу за мобилна телефонија и интернет

Деветстотини и осумнаесет спорови на корисници на телекомуникациски услуги решавала Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) во периодот од јануари до декември минатата година. Генералните поплаки се за висината на сметките и квалитетот на услугите.
Податоците на секторот за заштита на правата на корисниците на АЕК покажуваат дека најмногу спорови, 20,2 процента, се однесуваат за говор во мобилната телефонија, по што следат 18,1 процент за мобилен интернет, 6,4 процент за ДВБ-Т, 5,5 проценти за говор во роаминг, 5,3 проценти за кабелска телевизија, 4,6 проценти за ИПТВ. За интернет преку фиксна телефонија отпаѓаат 4,2 процента, за говор во фиксна 2,9 проценти, а за преносливост на број 1,9 проценти.
Од вкупниот број спорови, 50,7 проценти или 448 барања за решавање спор се за услуги од оне.Вип, 41,7 процент или 369 барања за решавање спор на Македонски телеком, а 7,6 проценти за спорови со останатите оператори.
Најголем број од приговорите на корисниците на Македонски телеком се за говор и за интернет во мобилната мрежа, 24,1 процент, односно 13,3 проценти, а кај Оне.вип, пак 24,3 проценти за интернет во мобилната мрежа и 20,1 процент за говор во мобилната мрежа.
Од споровите на корисниците со оне.Вип целосно или делумно се усвоени 20,5 проценти, во тек на решавање се 10,7 проценти, толкав процент операторот постапил по барањето на корисникот, а отфрлени се 54,5 проценти. Од споровите, пак, со Македонски телеком, за 14,2 процента се изготвени решенија за усвојување или делумно усвојување, во тек се 19,1 процент, а отфрлени се 47,8 проценти. За 13,4 проценти од приговорите постапката е запрена.
Директорот на АЕК Сашо Димитријоски на последниот јавен состанок на АЕК истакна дека Агенцијата ги решава поплаките на граѓаните кои во голем дел се оправдани. Укажа дека граѓаните често се жалат и неоправдано и кога Агенцијата ќе направи детална анализа кај операторот се доаѓа до таков заклучок.
Како што информира Димитријоски, бројот на поплаки за висината на сметките драстично се намалил откако им се наложи на операторите да ги известуваат корисниците кога се во роаминг и кога ќе достигнат сума од 1.000 денари да им се исклучува конекцијата. На тој начин се отстранува моментот, не сакајќи граѓаните да потрошат големи суми пари кога се во роаминг.
За поплаки за услуги од областа на телекомуникациите граѓаните можат да се обратат на телефонскиот број 190 на АЕК и преку веб страницата www.komuniciraj.mk. Покрај доставување барања за решавање спор граѓаните имаат можност и за телефонска консултација со службите на АЕК, како и да добијат правни совети за заштита на нивните права. лв/паг/07:59
Ново на Сител
-

Израелски лекари згрижиле 89 лица за време на иранските напади
-

Муцунски: Стоиме зад САД во справувањето со заканите на Блискиот Исток
-

Во напад врз зграда во Дубаи повредени четири лица
-

Телефонски разговор на Муцунски со Гидеон Саʼар: Реафирмирана поддршката за координираните напори на САД и Израел во однос на Иран
-

ИДФ почнаа нов бран напади против иранските ракетни фрлачи
-

Приведени 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол
-

МНР и НТ: Формиран кризен штаб кој континуирано ја следи состојбата и е достапен 24 часа
-

Пронајдена 16-годишна малолетничка во безсознание, кај неа било пронајдено мало шише со бела прашкаста материја
