Во 32 сообраќајки викендот во Скопје, 18 лица повредени
Во текот на изминатите три дена на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 32 сообраќајни незгоди.
На 13 ноември, петок, сообраќајната полиција изврши увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди. Од нив, девет се со последица материјална штета и две се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило и еден пешак.
На 14 ноември, сабота, сообраќајната полиција изврши увид на вкупно 12 сообраќајни незгоди. Од нив, девет се со последица материјална штета и две се со последица телесни повреди во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило и двајца сопатници.
Случена е и една незгода со последица тешка телесна повреда во 14:10 часот на ул. „1“ во село Батинци во која учествувале патничко моторно возило „голф“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје и пешак, граѓанин на Скопје. Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот кој со возило на Брза помош бил пренесен во Ургентен центар каде му била укажана помош и е задржан на понатамошно лекување.
Во текот на вчерашниот ден, 15 ноември, извршен е увид на вкупно девет сообраќајни незгоди. Од нив, три се со последица материјална штета и пет се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило, двајца сопатници, двајца велосипедисти и еден возач на мотоцикл.
Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во 14:30 часот на локалниот пат с. Стајковци – с. Црешево во која учествувало патничко моторно возило „пежо 207“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје. Возачот изгубил контрола над возилото, излегол надвор од коловозот при што од незгодата со тешки телесни повреди се здобил еден сопатник, а со телесни повреди се здобиле возачот и двајца сопатници.
Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни работилници во Основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ кое се наоѓа на подрачјето на општина Кисела Вода со учениците од второ и четврто одделение.
За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.
Ново на Сител
-
Без активно жариште пожарот на Кипар
-
Активни седум пожари - гори нискостеблеста шума, ниска вегетација, стрништа
-
Приведен возач од тетовско, возел под дејство на алкохол и учествувал во сообраќајна незгода
-
Николоски: До 2029 година ќе имаме комплетен автопат и експресен пат од граница до граница на Коридор 8
-
Кривична против директорка на Специјализираната болница Отешево поради злоупотреба на службена положба
-
Вардар ја победи фаворизираната Лозана
-
Првата антикорупционерка Димитровска денеска ќе поднесе оставка
-
САД ја осудија објавата на Макрон за признавање на палестинска држава