Во 24 градови во Грција ќе се брани „грчкиот карактер на Македонија“

Грците ќе дадат уште една битка за грчкиот карактер на Македонија, пишуваат од „Комитетот за борба за грчкиот карактер на Македонија“, организаторите на денешните протести во повикот до граѓаните објавен на социјалните мрежи. Освен првично најавените 13 градови, собири денеска ќе има на вкупно 24 места низ цела Грција, од најсеверниот до најјужниот крај.
Според организаторите кои ги повикуваат граѓаните масовно да учествуваат со грчки, а не со партиски знамиња, карактеристиката на централен собир ќе ја има градот Пела, родниот град на Александар Велики.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, протестите се поддржани од дел од градоначалниците на градовите каде што ќе се одржат, но и од митрополити, додека пак со организиран превоз со автобуси, луѓето од селата или градовите каде што нема да има собири ќе се носат до централните плоштади каде што ќе се „брани грчкиот карактер на Македонија“.
Паралелните протести ќе започнат во 19.30 часот по локално време, во 24 различни градови. Освен во северна Грција, протести ќе има и на островите Крф, Родос и Крит.
Грчките медиуми во текстовите посветени на денешните протести го пренесуваат и вчерашното соопштение од македонското МНР со кое апелираа до македонските граѓани што се наоѓаат во Грција да ги избегнуваат градовите каде што ќе има собири.
Ново на Сител
-

Вонредна седница на Владата: Продолжени се мерките за цените на горивата
-

По повеќе од три децении започна пробивање и доизградба на булеварот „Борис Трајковски“
-

Миро Кацаров в.д. директор на Универзална сала, следната недела ќе биде распишан повик за ново раководство
-

Партиски препукувања за сторени злоупотреби и криминални шеми
-

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството не го видело извештајот на ДЗР?
-

Ракот на кожа не бира возраст - превенција и рано откривање порачуваат дерматолозите
-

Петта јавна трибина за важноста на органодонорството одржана во Струмица
-

Младински земјоделски задруги - можност младите да се задржат во своите родни огништа во руралните средини
